send link to app

Sudski sovet pod lupa


4.2 ( 6672 ratings )
Educación
Desarrollador Ivana Arsova
Libre

Поради значењето кое Судскиот совет на Република Македонија (ССРМ) го има во обезбедување на независноста на судството, во рамки на проектот „Зголемување на јавниот надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“ изработена е мобилната апликација „Судски совет под лупа“. Со воспоставувањето на апликацијата се овозможува уникатна алатка за следење на работата на Судскиот совет на РМ како и за правосудството во целина.

Согласно структурата, оваа апликација овозможува детален преглед на извештаите за работа на ССРМ и анализите на Институтот за човекови права во оваа област со цел поголемо доближување на содржината до пошироката јавност.

Клучната придобивка од ваков тип на алатка е овозможување на лесен пристап до документацијата со која се располага за дадената област и се создава можност можност за брзо пребарување и користење на мониторинг извештаите и анализите при следењето на судскиот систем во РМ.